Светиниколската текстилна фабрика „Мода“ отпушти 50 работници, а останатите 460 се испратени дома на принуден одмор.

Работа нема, вели директорот на „Мода“, поранешен пратеник од редовите на СДСМ, а актуелен претседател на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров за штипската ТВ Стар.

Како причина ја наведува корина-кризата, која во секторот ќе се чувствува уште долго.

Нашите партнери од Германија најавуваат дека за одредени артикли кризата ќе трае и во текот на 2022 година, па нарачките се трашно намалени. За да ја спасиме компанијата, не им ги продолживме договорите на 50 работници кои беа ангажирани на опреденео време. Од денеска тие се под Агенцијата за вработување, вели Димитров.

Поседните два месеци фирмата ги помина тешко обидувајќи се со сите сили да обезбеди работа, но напорите останаа залудни. Димитров најавува отпуштање на уште 150 работници доколку не се смени ситуацијата до октомври.

Фабриката „Мода“ беше една од првите текстилни кластери во државата. Минатата година за време на викенд-карантините работничките од „Мода“ со дозволи за движење во полициски час работеа во три смени со полно работно време.

Револтот на светиниколци кон директорот на Мода АД, Ангел Димитров, тогаш беше огромен. За него беше важен договорениот извоз, но не и здравјето на вработените и нивните семејства.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.