Делницата Штип – Крупиште, која е дел од експресниот пат во изградба Штип – Кочани, е пуштена за сообраќај, информираа попладнево од Јавното претпријатие за државни патишта.
Посакувајќи им пријатно и удобно возење на учесниците во сообраќајот на експресниот пат на делницата Штип (клучка Три Чешми)-Крупиште, сакаме да им посочиме патниот правец да го користат согласно со одобрениот времен режим и да се почитува поставената патна сообраќајна сигнализација. Обезбедуваме модерна, сигурна и безбедна врска со Источниот регион, се вели во соопштението од ЈП за државни патишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.