Според одлуки објавени во Службен весник потпишани од гувернерката Анита Ангеловска-Бежовска, банкнотите од 10 и 500 денари ќе го добијат новото име на Народната банка. Во одлуката пишува: „Народна банка на Република Македонија“, се заменува со зборовите „Народна банка на Република Македонија“.

Банкнотите со новото име на државава, Република Македонија, ќе се печатат сукцесивно од следната година, а старите ќе имаат важност од пет години или се додека не се повлечат од промет.

НБРСМ поради комплексноста на постапката треба да направи анализа и план на неопходните активности за постепена замена на банкнотите, со оценета временска динамика, во рамките на редовните нови емисии, водејќи сметка за макроекономската стабилност.

Првите нови банкноти со новото име на Народната банка би можеле да бидат изготвени на почетокот на 2020-та година и потоа, сукцесивно, да бидат целосно заменети најдоцна во рок од 5 години од отварањето на релевантното ЕУ поглавје.

Инаку, новото име на Народната Банка на Република Македонија е Народна Банка на Република Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.