На денешната посета на Прилеп, по средбата со работниците од „Еурокомпозит“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се сретна и со претставници на Стопанската комора во Прилеп.

Како што соопшти Мицкоски, на средбата се разговарало за актуелните состојби кои во економијата се разочарувачки, а воедно ја искористил приликата да им ги презентира основните заложби на ВМРО-ДПМНЕ во поглед на економското работење.

Прво нешто што мора да се направи е да се нанесе сериозен удар на криминалот и корупцијата, второ мора да се стимулира приватниот сектор и да има реална поддршка од државата. Она на што ќе биде фокусирана идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде обезбедување на услови за развој и обнова на економијата. Ќе обезбедиме ниски даноци, кратење на непотребни давачки и цел сет на економски мерки на кои работиме во моментот. Драгоцени се нивните мислења и предлози и секако дека ќе бидат земени во предвид во нашите програмски определби. Доаѓа крај на политиката купи ден помини, ќе се избориме за обновата која ќе дојде и ќе донесе промени, порача Мицкоски после средбата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.