Владата очекува толеранција од банките во наредните денови, додека целосно не заврши исплатата на предвидената поддршка од 6.000 денари, зашто се работи за граѓани од најранливите категории, кои беа најпогодени од кризата, рече денеска владиниот портпарол, Душко Арсовски.
Како што информира Арсовски на прес-конференција, обработени се сите приговори, но конкретните бројки ќе бидат соопштени најдоцна до утре.
Портпаролот е дециден дека помошта од 6.000 денари ќе ја добијат сите. Тоа што доцнеше донесувањето на Законот во Собранието ги предизвика непријатностите. Владата стори се помошта да стигне до оние за кое е наменета, а целта е никој да не биде изоставен.
-Иако Законот не ја обврзува Владата, мора да се каже дека приговорите се обработени во рекорден рок, а стануваше збор за околу 78.000. На сите што поднеле приговор, ќе им се одговори на електронската адреса која ја навеле при поднесувањето на пригвоорот. Се ажурираат и листите на веб страницата „купувамдомашно.гов.мк“, каде ќе моѓат да ги проверат истите податоци, информира Арсовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.