Просечната месечна нето плата по вработен во август годинава изнесувала 27.535 денари.
Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, нето платата бележи раст од 9,6 отсто, што се должи пред се на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација за 20,4 отсто, земјоделство, шумарство и рибарство 16,9 осто и дејности на здравствена и социјална заштита 13,2 отсто.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: уметност, забава и рекреација за 18,4 отсто, земјоделство, шумарство и рибарство 9 отсто и објекти за сместување и сервисни дејности со храна 4,7 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната бруто плата изнесува 41.070 денари и бележи раст од 10 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.