Просечната исплатена нето плата во јануари изнесувала 28.272 денари што е за 2,7 проценти повисока од истиот месец лани.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, зголемување е забележано во секторите Дејности на здравствена и социјална заштита за 12,4 проценти, Уметност, забава и рекреација за 8,4 проценти и Информации и комуникации за 8,3 проценти.

Намалување во однос на декември 2020 година имало во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување за 7,7, проценти, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 5,9 проценти и Информации и комуникации за 5,4 проценти.

Просечната бруто-плата во јануари изнесувала 42.204 денари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.