Откако беше објавено граѓаните да отворат нови трансакциски сметки по пропаѓањето на Еуростандард Банка, граѓаните во голем број застанаа пред останатите банки за да отворат нови трансакциски сметки.

Ова предизвика големи гужви пред банките, во услови кога во Делчево има зголемен број на случаи со Ковид-19.

За жал мора да чекаме, за да ги подигнеме и оние малку пари што ги имаме мора да отвориме нова трансакциска сметка. Навистина е гужва и се чека многу, но што е тука е парите ни се потребни и ќе чекаме – вели граѓанин застанат во ред пред една од банките.

Дел од банките имаат ангажирано редари, кои ја регулираат гужвата со укажување до граѓаните да го запазат редниот број и да држат дистанца.

За жал не се внимава многу на препораките за држeње дистанца, обврската за носење заштитна маска генерално се почитува. Наше е да го запазиме редот во банката, додека на самите граѓани е да ги почитуваат останатите обврски – велат редарите.

Ваквата состојба пред банките нагло се зголеми по објавата за пропаѓање на Еуростандард банка и не можноста своите обврски да ги извршуваат во Пошта, каде што голем број од граѓаните ја подигаа својата пензија и ги плаќаа сметките за комуналии и електрична енергија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.