Прометот во индустријата во декември минататa година бележи раст од 7,9 отсто во однос на декември 2019 година, во однос на ноември 2020 година има намалување од 11,9 отсто, а за периодот јануари -декември 2020 година во однос на 12-те месеци 2019 година намалување од 7,8 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во декември 2020 година во однос на декември 2019 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 9,9 отсто, капитални производи за 15 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 7,6 отсто, додека опаѓање бележи кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,4 отсто.
Прометот во индустријата на домашниот пазар, во декември 2020 година во однос на декември 2019 година, има пад од 1,9 отсто.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во декември 2020 година во однос на декември 2019 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.8 отсто и трајни производи за широка потрошувачка за 10,2 отсто, додека опаѓање бележи кај капитални производи за 2,6 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,4 отсто.
Прометот во индустријата на домашниот пазар, во декември 2020 година во однос на ноември 2020 година, бележи раст од 14,4 отсто, додека во периодот јануари ‒ декември 2020 година во однос на периодот јануари ‒ декември 2019 година, пад од 3,5 отсто.
Прометот во индустријата на странските пазари, во декември 2020 година во однос на декември 2019 година, има раст од 12,2 отсто.
Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во декември 2020 година во однос на декември 2019 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 13,7 отсто, капитални производи за 16,9 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 0,9 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за еден отсто.
Прометот во индустријата на странските пазари, во декември 2020 година во однос на ноември 2020 година, има намалување од 18,8 отсто, додека во периодот јануари ‒ декември 2020 година во однос на периодот јануари ‒ декември 2019 година, намалување од 8,9 отсто
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.