Забраната за употреба на пластични кеси во маркетите и продавниците влијаела катастрофално на триесетина компании кои ги произведуваат во земјава, се жалат сопствениците. Тие за ТВ21 велат дека се загрозени работните места на 600 луѓе.
Марјан Моневски, сопственик на таква компанија, вели дека од почетокот на месецов, драстично се намалиле порачките, а со тоа и производството. Тој бил принуден да отпушти четворица работници како технолошки вишок и стравува дека ќе дојде до ситуација да мора да отпушти уште луѓе.
Моневски вели дека продажбата на кесите опаднала за 50%, а со тоа и заработката.
Според Групацијата на производители и преработувачи на пластични маси во Стопанската комора, со драстичниот пад на работата, во ризик од затворање се 30 фабрики, а на улица може да останат 600 луѓе. Тие најавуваат и протести доколку не се изнајде решение за нивните проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.