Во вторник на седница на Влада треба да помине новата програма за субвенции за вградување плински уред во автомобилите, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши одговорајќи на новинарски прашања.

Тој додаде дека откако ќе помине програмата ќе се објави во Службен весник и ќе биде објавен огласот за поднесување барања за субвенции.

Со мерката за субвенционирање на трошоци за вградување уред за погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во постоечките возила се предвидува да се субвенцинира 50 отсто од цената на трошоците за набавка и вградување на уредот, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност за возило.

Предвидено е да бидат опфатени над 1.200 возила на годишно ниво.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.