Константин Димитров, универзитетски професор и експерт за енергетика за „Скопско ехо“ зборува за кризата во Македонија со снабдувањето со електичната енергија.

Секогаш сум велел дека струјата е стока како и секоја друга и дека таа си има своја цена како, на пример, што ја имаат патлиџаните. Таа си има своја пазарна цена. Пред околу 4 години ЕСМ утврди дека производната цена на струјата е 42-43 евра за еден мегават час. Но, сигурно, за да се обезбедат политички гласови и да им се додвори на гласачите, Владата нареди таа цена да се намали на 36 евра и по што успешни фирми како МЕПСО, како ЕСМ, кои беа големи спонзори, мораа да земаат кредити. Тие се сега загубари и им фалат по 20-30 милиони евра, па Владата им доделува финансиска помош преку земање од други фирми или преку заеми од странство. Но, во исто време, овие фирми МЕПСО и ЕСМ имаат зголемени вработувања, имаат големи плати. И сега ни се случува да мора да купуваме струја за еден месец по цена од 210 и 250 евра за еден мегават час, а наша производна цена е 36 евра.

Да одговорам директно, струјата мора да поскапи. Но, нема сега да биде на 40 евра на мегават час бидејќи лани веќе беше 50-60 евра. Идната година, цената на струјата на пазарот ќе биде сигурно околу 120 евра, а на лето околу 80 евра, но нема да падне под 60 евра. Но, моја препорака е поскапувањето да оди постепено, а не со шок. Па, еден месец да поскапи 10-15 проценти, па пак толку следниот месец, вели Димитров.

Целиот разговор прочитајте го овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.