Продолжува задолжувањето без мерка: Владата на СДСМ ги задолжи граѓаните за нови 66 милиони евра

Економија 26.05.2020 / 14:56

Продолжува задолжувањето без мерка, кое секако, паѓа на грбот на македонските граѓани.

Имено на официјалната страна на Народна Банка на Република Македонија објавена е денешната аукција на државни хартии од вредност и обврзници во износ од 66 милиони евра.

Со вакво задолжување, Владата остава голем товар, а дали е на повидок буџетска криза, допрва ќе се покаже.

Пред две недели Владата се задолжи за 48 милиони евра.

Експертите алармираат за огромните задолжувања која ја следат оваа влада посебно и поради отсуството на капитални инвестиции, инфраструктури и стратешки проекти.

Јавниот долг исто така го надмина плафонот односно психолошката граница од над 50 % од БДП што според економистите е опасен факт посебно за слаба економија како што е македонската.

Имено, власта пред да дојде на власт беше главен критичар на задолжувањата но од кога се во владејачка позиција континуирано ги практикува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.