Народна банка соопшти дека во мај продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити и таа се сведе на ниво од 4,83%. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 1,10% и во однос на претходниот месец се намали минимално, за 0,01 процентен поен.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во мај годинава, бележи раст од 0,15 процентни поени на месечно ниво и изнесува 3,92%, додека на годишно ниво се намали за 0,76 процентни поени. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 0,62% и забележа минимален месечен раст од 0,01 процентен поен. Во споредба со мај минатата година, оваа каматна стапка е пониска за 0,69 процентни поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.