Поранешниот економски директор на ГАК Ваљон Беља е поставен за финансов директор на Македонски железници – Транспорт. Беља е кадар на човек на генералниот директор Аднан Азизи од Беса.

Како кадар на ДУИ Беља беше разрешен од функцијата организациски директор на Клиниката за гинекологија во мај 2019 година, еден ден откако кога директно се конфорнтира со медицинската директорка Викторија Јовановска, кадар на Заев.

Беља на Фејсбук ја обвини Јовановска за незаконски јавни набавки. Според него, таа фаворизирала компанија која вршела лабораториски тестови.

Јовановска, пак, обелодени дека Беља ѝ се заканувал со бомби.

Беља со години го следат контроверзии и насилни инциденти. Прв пат се појавува на политичката сцена со невладината организација „Реалитети“. Во 2010 година, како лидер на партијата „Албански сојуз“ дава провокативна изјава и вели дека целта на неговата партија е да ја подели Македонија на три кантони- еден македонски, еден албански и еден мешовит кантон.

Неговата партија „Албански сојуз“ подоцна се припојува со ДПА на Мендух Тачи, а Беља е назначен за потпретседател. Кратко потоа избиваат несогласувања помеѓу него и Тачи. Беља бара смена на Тачи од лидерската позиција, а лидерот на ДПА го исклучува од партијата.

По крајот на неговата кариера во ДПА, Беља беше претепан во скопско Кондово од група непознати напаѓачи по што заврши на Ургентниот центар.

По преминувањето во ДУИ, Беља беше вработен во Општина Чаир. Остана запаметен кога во јуни 2016 во канцеларијата на градоначалникот Изет Меџити остави куршум завиткан во салфетка. Причина за оваа порака било неговото барање за подобра функција, односно сакал да биде поставен за директор на Пензискиот фонд.

По тој инциден Беља беше приведен во полиција, но веднаш потоа пуштен. Тврдеше дека некој го мести. МВР му поднесе пријава за загрозување на безбедноста, но за случајот се уште нема правен епилог.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.