Поради притисоци и закани пропадна најавуваниот предупредувачки штрајк на пазарџиите, обвинуваат трговците. Иако сите кои имаат тезга на зелениот пазар во Скопје биле навремено информирани за протестот, само мал дел од нив денеска решија да не ги отвораат своите тезги. Претставникот на пазарџиите обвинува дека контролори од компанијата Скопски пазар која стопанисува со зеленото пазарче ги сликале и запишувале тезгаџиите кои денеска се обиделе да протестираат. Сега, оние  пазарџии кои излегоа на штрајк стравуваат за својата иднина.

Може да ни направат проблем, во смисла да ни ги одземат тезгите. Не сликаа, сега не знам што ќе направат со сликите. Дури на 24.7 годинава беше информиран директорот дека ние не можеме да ги плаќаме тезгите на овие цени. Има голема разлика во наплатата, не е срамно да ви кажам дека добивме одговор „ снајдете се па ако треба и крадете“. Со овој начин на работа директно не буткаат во криминал“, изјави Маја Стојановска, претставник на пазарџиите.

 

Преку писмено соопштение објаснување дадоа и дд компанијата АД Скопски пазар кои велат дека со стариот тарифник имало големи манипулации и сега тоа е елиминирано. Со резервацијата на тезга во зимскиот период  само се правело нелојална конкуренција

Секојдневната дневна наплата во вкупен износ за едно продажно место – тезга беше помал од месечно наплатуваниот износ на закуп за продажно место од иста категорија. Пракса која дозволуваше манипулација со места- тезги, нефер однос и нелојална конкуренција кон редовни и долготрајни корисници“, велат од „Скопски Пазар“.

Пазарџиите мака мачат и со  тоа што Скопски пазар им вовел и нови повисоки давачки за тезгите. Наместо дневно 100 денари сега ќе треба да плаќаат по 250. Додека производителите на земјоделски производи кои досега плаќаа  две илјади денари месечно кирија за тезга, сега им се зголемува на 5.250 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.