До вчера 67 компании покажале интерес за јавниот повик за изградба на хидроелектраната „Чебрен“. Рокот за поднесување понуди истекува денеска, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

Јавниот повик за „Чебрен“ е објавен од страна на МЖСПП. Јас како министер надлежен за секторот енергетика имам информација дека до вчерашниот ден 67 компании покажаа интерес, но заклучно со денеска треба дополнително да провериме колку компании дале понуда, а откако Комисијата ќе ги отвори сите понуди секако дека ние како Министерство за економија ќе бидеме директно вклучени во целосната процедура за избор на најповолна понуда, рече Бектеши на новинарско прашање по отчетот за првите 100 од работата на Министерството за економија. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.