Граѓаните на Скопје, Тетово, Кичево и Битола, доколку решат да го променат начинот на греење на домовите, ќе добијат 1.000 евра субвенција од државата.
Ние како Влада почнавме да ја промовираме новата еколошка мерка за субвенционирање на инвертори за греење, која што ќе се спроведува преку АД ЕСМ. Мерката како пилот проект ќе почне да се спроведува во четири градови во Република Македонија, кои се најзагадени, Скопје, Кичево, Битела и Тетово, изјави министерот Бектеши.
Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски истакна дека целта на состанокот со министерот Бектеши била изнаоѓање начини и преземање чекори за забрзување во спроведувањето на одредени проекти битни за државната енергетска компанија
Ние како ЕСМ побаравме средба со министерот за економија Крешник Бектеши со цел да поразговараме за некои проекти кои се од значење за работењето на нашата компанија, а со кои е потребно забрзување на нивната динамика. Побаравме помош тие проекти да се забрзаат од аспект на административните процедури, да се види што може министерството како институција да направи, а што е во нивна надлежност, за овие проекти да продолжат со зголемено темпо. Конкретно, се работи за проекти за одредени нови локалитети за експлоатација на јаглен во рамките на нашите термолектрани“ изјави Ковачевски.
На средбата се разговараше и за напорите за реализација на проектот Чебрен, како и за писмото кое по заклучок на Владата го испрати АД ЕСМ до Р. Бугарија со кое се искажува интерес за учество во проектот Белене, со цел државата преку ЕСМ да обезбеди широко портфолио на различни производствени капацитети кое ќе обезбеди енергетска стабилност во иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.