Информацијата пласирана од Владата дека извозот е пораснат за 29% во првиот квартал на 2021 година за Гордана Димитриеска – Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ е уште еден помпезен на Владата.
Ако ја гледаме вредноста во долари да. Ако ја гледаме вредноста во денари и евра НЕ. Вредноста на извозот во денари (и евра) е порасната за 18% во првиот квартал на 2021 година во однос на истиот период лани. Растот од 29% е врз база на доларската вредност и во себе ја содржи депрецијацијата на американскиот долар од околу 8,5% за една година (или апрецијацијата на еврото и денарот во однос на доларот).
Плус, ова е номинален раст од 18%, тоа значи во себе содржи и количинска и ценовна промена. Вистинскиот раст на извозот (количински) кој е составен дел и од БДП, дава друга слика. Податоците за март за извезените количини сѐ уште не се објавени, но во периодот јануари-февруари 2021 година во однос на истиот период лани имаме количински пад на извозот од 4,9%, при номинален раст од 9,8%. Ова значи дека не произведуваме и извезуваме повеќе, туку дека растат цените на извезените производи, објаснува Димитриеска – Кочоска.
На крајот, додава таа, Заев и Владата се фалат за растот на извозот којшто во најголем дел е генериран од новите производствени капацитети во слободните индустриски зони.
Оние кои ги донесе претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, а кои беа жестоко критикувани од оваа Влада. Не знам на овие од власта како не им е срам! Или пак, па и нема со што да се пофалат самите, не направија ништо за 4 години владеење! Добро е што претходните политики уште не вадат како држава и во ваква криза!
Повторнo помпезен ПИАР на Владата. Дали е извозот годишно пораснат за 29% во првиот квартал на 2021 година!
Ако ја…Posted by Гордана Димитриеска-Кочоска on Thursday, 6 May 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.