Владата ќе му достави на усвојување на Собранието,Предлог-закон за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица, и за Измени и дополнувања на Законот за извршување, со кои за сите предмети дадени за извршување до крајот на 2017 година, се предлага отпишување сите камати на граѓаните-должници кон јавни и државни претпријатија, или државни органи и установи, и во таа насока за праведно опфаќање на сите граѓани, ќе им биде предложено и на приватните доверители оваа постапка да ја следат со доброволно бришење на каматите на долговите на граѓаните.
Ова денеска го најави премиерот во замнување Зоран Заев кој објасни дека со законските измени што се предлагаат се предвидува и репрограмирање на долгот, односно плаќањето на главниот долг да биде на рати. Колку е поголем долгот – толку ќе се зголемува рокот на отплата, односно ќе се исплаќа на повеќе рати.
Не по своја вина, граѓаните, особено социјално ранливите – се соочија со камати кои повеќекратно го надминуваат основниот долг за кој и онака имаат потешкотии да го исплатат. Ова ја направи отплатата на долгот уште потешка, и во голем број случаи го загрози достоинството на граѓаните.Со денот на стапување во сила на овој закон, извршителите прекинуваат со присилно извршување по предметите. Владата на Република Македонија се грижи за достоинството и социјалната сигурност на граѓаните. Со оваа иницијатива исправаме уште една неправда направена во 2011 година, кога старите судски извршни предмети беа префрлени од судовите на извршителите и нотарите“, истакна Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.