Развојот на економијата, зголемувањето на продуктивното вработување и подигнувањето на животниот стандард на граѓаните, нè упатува кон најважната нишка која ги поврзува сите овие цели заедно – образованието -посочи премиерот Зоран Заев.

Според него квалитетни, квалификувани кадри кои ги продуцира средното стручно образование се добредојдени и посакувани од компаниите што инвестираат во нашата земја.

Затоа ги креиравме основите на стручното образование на чија имплементација Владата сериозно е посветена. Преку серијата трибини #УчиПаметноРаботиСтручно низ целата држава, ги приближуваме придобивките до младите луѓе.
Фокусирани сме кон унапредување на секој сегмент, на секоја коцка од мозаикот, којшто на крајот ќе биде слика на една економски просперитетна земја која обезбедува квалитетен животен стандард на граѓаните од сите категории – додава Заев.

Развојот на економијата, зголемувањето на продуктивното вработување и подигнувањето на животниот стандард на граѓаните,…

Posted by Zoran Zaev on Friday, 19 February 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.