Во владината програма, предложена од мандатарот Зоран Заев се предвидуваат промени на законот за ДДВ, со кои ќе се намали даночната стапка во неколку области. За ресторански услуги ќе се воведе единствена стапка од 10 отсто, за разлика од досегашните 18 отсто. Ќе се намали и стапката на персоналниот данок на доход во ИТ индустријата на нула до 2023 година, откако претходните две години ќе се намалува на 5 и 3 отсто. Од 18 на 5 отсто ќе намали ДДВ-то на занаетчиските услуги.
Согласно предложената владина програма, ќе се подигне прагот за плаќање ДДВ од 2 милиони на 3 милиони годишен промет од 1 јануари 2022 и ќе се изедначи со прагот на ослободување на данок на добивка до 3 милиони денари годишен промет.
Промени се предвидени и во проектот „МојДДВ“ со зголемување на лимитот по поединец на 2.300 денари за тромесечие и 9.200 денари годишно, односно на 36.800 денари за просечно четиричлено семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.