Еминентната светска ревизорска куќа „PricewaterhouseCoopers“ во својот последен извештај ги потврди пишувањата на „Лидер“ за лажниот стечај и финансискиот криминал во централата „ТЕ-ТО“ кој изнесува над 200 милиони евра.
Преку 200 милиони изнесува штетата од лажниот стечај на електраната „ТЕ-ТО“ и со истата освен што е оштетена „Топлификација“, оштетен е и државниот буџет – покажа истражувањето на „Економски Лидер“.
Во целиот дил, очигледно се вмешани премиерот Зоран Заев, но и вицепремиерот Кочо Анѓушев, кои заедно со дел од судската власт по се изгледа соработуваат со руската офшор фирма „Битер-Холдинг Лимитед“ која предизвика лажен стечај на ТЕ-ТО – поради што беше поднесена кривична пријава од финансиска полиција до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.
Имено, Финансиска Полиција го сомничи директорот на фирмата Вадим Михајлов (инаку руски државјанин) кој во моментов е во бегство, дека го предизвикал лажниот стечај на ТЕ-ТО и со тоа ги оштетил акционерите на Топлификација за повеќе од 30 милиони евра.
ТЕ-ТО ВО ЕДЕН ДЕН ОТИДЕ ВО СТЕЧАЈ И СЕ РЕСТАРТИРАШЕ!
Оваа фамозна електрана е основана од македонската компанија „Топлификација“ во партнерство со „Битер-Холдинг“ од Кипар каде што сопственик е рускиот олигарх Леонид Лебедев. Во 2018 година таа е прва на листата по остварена добивка од дури 120 милиони евра, но симптоматично, во истата година најпрофитната компанија во државава отиде во стечај.
Имено, на 14 јуни 2018 година, во еден ден од судот беше прогласен стечај но и беше изгласан планот за реорганизација на компанијата со кој беше отпишан долгот од 28 милиони евра до „Топлификација“ што всушност се парите со кои е основана фирмата.
Топлификација е акционерско друштво и со ова практично се оштетени инвеститероите кои купиле акции.
Стечајот се случи поради тоа што руските газди преку перење на пари извлекле 150 милиони евра (за што докази ќе објавиме во вториот дел од нашето истражување), државниот буџет е оштетен за 20 милиони евра со простувањето на данок од страна на владата а акционерите на „Топлификација“ се оштетени за 28 милиони евра, со тоа што судот ги прости долговите на ТЕ-ТО кон оваа компанија.
КАКО Е ВМЕШАН ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ?
И покрај тоа што очигледно станува збор за лажен стечај, премиерот Зоран Заев одлучи да потпише одлука со која ќе додели државна помош за компанијата ТЕ-ТО.
Ова не е помош туку практично е простување на данокот на добивка на УЈП кон ТЕ-ТО, кој заедно со аконтациите изнесува преку 20 милиони евра.
Симптоматично е што владата додели ваква помош на компанија за која кривична пријава има поднесено Финансиска Полиција.
Во прилог, одлуката на владата од 160 седница одржана на 22 октомври 2019:
КАКО Е ВМЕШАН АНЃУШЕВ?
При стечајот на ТЕ-ТО, како една од причините се наведува ниската продажна цена на струјата. Преку набавката на реагенси, русите ја фрлија ТЕ-ТО во стечај преку перење на пари со манипулација со цените. Но оваа компанија, според причините за стечај одобрени од судот, струјата ја продавала по неповолно ниска цена.
Струјата е продавана на компанијата ЕДС, која во моментот кога се правеле трансакциите беше во сопственост на сегашниот вицепремиер Кочо Анѓушев, што го потврдуваат интерните документи од ТЕ-ТО до кои стигна Лидер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.