Машинскиот и извршниот персонал при „МЖ Транспорт“ попладнево ја прекинаа блокадата на железничкиот патнички и товарен сообраќај откако им беше исполнето барањето за исплата на вториот дел од платата за септември.

Претставникот на машинскиот персонал, Душко Чакаровски информира дека е донесена одлука која е проследена до раководството на железничкото претпријатие, а според која, доколку до 25-ти во месецот не им биде исплатена целосно платата за претходниот месец, повторно ќе ја бојкотираат работата од 7 часот наредниот ден.

Исто така, и надоместот за материјални трошоци да се исплаќа најдоцна до 10-ти во месецот, а во спротивно нема да работиме веќе од наредниот ден – порача Чакаровски.

Железничкиот сообраќај беше во прекин од вчера изутрина и воопшто не сообраќаа патничките и товарните возови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.