Фондацијата Отворено општество – Македонија со 190.000 долари ќе поддржи над 35 граѓански организации кои ја следат работата на институциите во областите борба со корупција, правосудство, спречување дискриминација, заштита на животната средина, трошење јавни пари и урбанистичко планирање и кои придонесуваат кон заштита и промоција на вредностите на отвореното општество.

Обезбедивме поддршка за граѓанските организации кои се клучен сегмент во едно демократско општество, а кои се погодени од вонредната состојба, како и останатите сегменти од општеството.
Грант-шемите вклучуваат и ќе овозможат следење на институциите и функционалноста на системот во услови на криза во областите борба против корупција, судство и спречување и заштита од дискриминација, кои се приоритети во процесот на пристапување во ЕУ. На овој начин граѓанските организации ќе продолжат активно да ги набљудуваат процесите во кризниот и посткризниот период и ќе реагираат со цел подобрување на политиките и практиките во овие области“, соопшти ФООМ.

Дел од парите, како што е соопштено, ќе обезбедат поддршка за локалните граѓански организации во Битола, Тетово и Штип за надгледување на локалните власти во областите животна средина, трошење јавни пари и урбанистичко планирање и за застапување кое се базира на барањата и приоритетите на граѓаните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.