Синот на пратеникот Горан Мисоски, Кристијан Мисоски, од 17 пријавени кандидати, бил вработен на конкурсот во Агенција за супервизија на осигурување. Оваа агенција е една од подобро платените државни институции. Таму платата ќе му биде 33.000 денари, а ќе работи како стручен соработник за супервизија.

Не чекал многу за вработување, Кристијан Мисоски дипломирал економски факултет на Американ Колеџ лани во ноември 2018та година, после неколку години неуспешно студирање на Универзитетот Кирил и Методиј. Постои сомнеж за судир на интереси бидејќи Горан Мисоски е пратеник, а Директорот на Агенцијата за својата работа одговара токму пред Собранието.

Денеска Мисоски јуниор почнал на работа во Агенцијата за супервизија на осигурување, а по ургенција на неговиот татко пратеник за да биде побрза работата, пред да се распишат изборите на 8-ми февруари. Токму Мисовски го даде еден од 80-те гласови за Северна и гласаше за промена на името.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.