Во Собранието се одржаа три седници. Заврши општиот претрес за Предлог-законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, под договор за заем на финансирање на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, по скратена постапка.
Исто така, се расправаше и по 13. точка од 25 седница, за Предлог-законот за изменување и дополнување на Македонската банка за поддршка на развојот, по скратена постапка.
За овие две законски решенија ќе се гласа кога ќе бидат создадени услови, односно кога ќе присуствуваат повеќе од 62 пратеници.
На продолжението на 29. седница во попладневните часови, пратениците дебатираа и за Предлог-законот за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за унапредување на основното образование.
Опозициските пратеници дадоа критика за новите задолжувања, кои ги окарактеризираа како непродуктивно трошење народни пари.
За опозицијата, заемот од 25 милиони евра од Светска банка е поврзан со претстојните локални избори, со цел да се покаже дека локалната власт нешто работи, а за мнозинството со спроведување на проектот ќе се намали потрошувачката на енергија во јавниот сектор и ќе се воспостават одржливи механизми за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.
Пратениците од владејачкото мнозинство сметаат дека одговорноста е заедничка барем кога станува збор за основното образование и дека секоја година се ажурираат податоците за училиштата.
Продолжението по оваа точка за која останаа уште 15 од дискутантите, на 29. седница ке се одржи во вторник, 16 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.