Пожарникарите во Тетово протестираа бидејќи не добиваат додатоци за ноќен труд, за викенди како и за ризикот на работното место, објави „АлсатМ“. Ако се исполнат нивните барања, пожарникарите и понудија на општина Тетово договор за прекинување на судскиот спор за неплаќање на додатоците од 2005 година наваму.
Бараме она што вели Законот, 29% не плаќа општина Тетово, ноќен труд, но треба да се плати 42%. Државните празници ни се плаќаат 42%, а полицијата и другите институции земаат 150%. Нам ни ги крадат овие средства, викендот ни се плаќа 29% а според закон треба 42%, изјави Фариз Џемаили, пожарникар.
Чекаме униформи, чекаме превозни средства кои се стари и кои се расипуваат. Имаме стари униформи и не функционираме веќе од донации, треба да ни помогне и премиерот Заев и Управата за заштита и спасување.
По протестот, општина Тетово ги покани пожарникарите на состанок.
Во текот на следната недела, пожарникарите ќе ги поканиме за да го изнесат проблемот. Барањата како што се опрема, камиони и друга опрема се скапи и за тоа ќе ни треба помош од владата и Центарот за заштита и спасување, велат од Општина Тетово.
Ако не се постигне договор со општина, пожарникарите најавуваат продолжување на протестот. Освен пожарникарите во Тетово, со истиот проблем се соочуваат бригадите во Гостивар, Кичево и другите градови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.