Од УЈП излегоа со соопштение и известување дека на 31 март 2020 година заокружено е третото тримесечје од МојДДВ. За месеците јануари, февруари и март 2020 година на граѓаните кои скенирале фискални сметки ќе им бидат исплатени вкупно 343.803,953 денари или 5.590,000 евра.
Во овој период скенирани се вкупно 49,946,278 фискални сметки, а остварен е промет од 21.957.355,689 денари.
За првото тримесечје беа исплатени вкупно 186.215,194 денари односно
3.028,000 ЕУР, а за второто тримесечје се исплатија 233.176,601 денари или 3.791,000 ЕУР.
Исплатата за месеците јануари, февруари и март ќе започне во мај 2020 година. Управата за јавни приходи се уште врши исплата за првото и второто тримесечје на сите оние граѓани кои имале грешки во податоците, а во меѓувреме истите ги ажурирале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.