Повисоки цени, а помалку земјоделски производи на пазарите – ова е сликата која ја затекнавме на еден од скопските пазари. Според пазарџиите, ова се должи на климатските промени и на тоа што младите заминуваат во странство и не сакаат да се занимаваат со земјоделство.
- домати 50 ден.
- пиперки 40ден
- зелка 40 ден.
- праски 100
- сливи 50 ден.
- трпезно грозје 50 ден.
- Лубеница 10 ден. за кг.
- компир 25 ден.
„Знаеме дека сето е скокнато така да ни пензија ни плата стасува. Малце пиперки, малце домати, малце грозје, најосновното што треба за дома. Се е по 50 ден. Поскапо е“, вели граѓанин.
„Кој нема пари е скапо, кој има пари е евтино“, додава граѓанин.
„Скапо е душо, скапо е нема пари. Пипер, патлиџан и тоа е скапо, 50, 60..“, вели граѓанин.
„Поефтино беше сега е поскапо“, посочи граѓанин.
„Се изгоре нема роба, временски неприлики и нема кој да работи таму народот отиде надвор“, додава граѓанин.
Овој перидот во тек е бербата на трпезното грозје во Тиквешијата чија цена е од 20 до 35 денари по килограм. Земјоделците реагираат дека цената на грозјето две децении е непроменета, а трошоците се енормно зголемени. Покрај зимските измрзнувања, заради големите дефекти на системот за наводнување сега лозовите насади се затекнати и од суши, па тоа влијае и на квалиетот и на приносите на грозјето, вели Претседателката на фармери на Македонија.
„Цените за жал со години наназад се исти. Но, ние земјоделците мораме да ги обработуваме нивите и мора да го обереме и тоа што го имаме. За жал немавме праска заради климатските промени, немавме кајсија, цреши, секако сето тоа влијае и на буџетот на државата и на буџетот на самиот земјоделец“, посочи Васка Мојсовска.
Ако некои луѓе береле по 70 тони грозје, годинава заради високите температури ќе не можат ништо да наберат. Минатата година цената на грозјето била 11 денари за смедеревка и 12 денари за вранец. Од Федерација на фармери на Макеодoнија би биле задоволни со 16 денари за смедеревка и 17 за сортата вранец барање кое го доставиле и до Mинистерството за земјоделство и до винариите.
извор ТВ 21
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.