Владата на денешната седница одлучи да прифати 23 амандамни на Буџетот за 2022 година, во вкупен износ од околу 382 милиони денари.

На предлог на Министерството за финансии зголемени се средствата во Министерството за информатичко општество и администрација во износ од 250 милиони денари за реализација на програмските активности на Македонската радио телевизија; зголемување на средствата во Уставен суд на Република Македонија во износ од 1 милион денари за избор на нови уставни судии; зголемување на средствата во Финансиска полиција во износ од 1 милион денари за преземени обврски за набавка на возило, како и некои други.

Донесена е и одлука за прераспределба на средства на буџетските корисници, со што обезбедени се средства за справување со енергетската криза, финансиска поддршка на јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост погодени од кризата (ЈП „Македонски шуми“, АД „Водостопанство“, АД „Еурокомпозит“, АД „Македонски шуми“, АД „Македонска пошта“), набавка на COVID вакцини, подмирување на обврски за заштита на населението од HIV, набавка на метадон и бупренорфин за лица со болести на зависности, обврски кон ЈЗУ задолжени за лекување на лица со болести на зависности, побарувања по основ на партиципација за осигурени лица, набавка на лекови за ретки болести, обврски кон ФЗОМ за целосно здравствено осигурување.

Потоа, плаќање на обврски согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Програмата за рибарство и аквакултура, плаќање на времени ситуации за Брана „Конско“, Брана „Речани“ и ХС „Равен Речица“, ХС „Злетовица“, средства за затворање на проектот Јужновардарска долина, експропријација за Брана „Речани“ и ХС „Равен Речица“, компензирање на трошоците при давање на услугата од јавен интерес во железничкиот превоз на патници, реализација на проектот Ф/П за домување на социјално ранливи групи, обезбедување на средства за подмирување на платено политичко рекламирање за Локалните избори 2021 година, дообезбедување на средства за стипендии и студентски домови, дообезбедување на средства за финансиска поддршка на инвестиции (домашни компании), дообезбедување на средства за уредување на ТИР зоните и исплата на државна помош, дообезбедување на средства за набавка на меркантилна пченица за стоковите резерви, како и дообезбедување на средства за подмирување на тековните приоритетни обврски на одредени буџетски корисници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.