Заради поголема масовност, владата планира измени во проектот Мој ДДВ, дознава Сител. Со нив, граѓаните кои скенираат фискални сметки би требало да добиваат повисок процент од 15 проценти од платениот ДДВ.  Колкаво би било зголемувањето на вратените пари, засега не се открива.

Изворите на Сител велат дека не е во ред лицата кои скенираат месечно да добиваат максимум 600 денари, за кои треба да потрошот над 30 илјади денари, а дневно со наградната игра да се доделуваат по 1,000, 2.000 или 3 000 денари. Затоа измените ќе бидат направени дел од парите предвидени за Моја награда – 500 илјади евра, да се пренасочат кон сите кои скенираат фискални.

Инаку до сега 185 илјади граѓаните ја користат апликацијата Мој ДДВ и за 3 месеци можат да добијат до 1.800 денари. За дел од граѓаните оваа сума е мала, затоа не скенираат фискални

На крајот од февруари лицата кои скенираат ќе ги добијат парите за октомври, ноември и декември. Во исто време, имаат можност и за учество во наградната игра, каде покрај дневни, се доделуваат и месечни награди, но и 2 главни премии од по 50 илјади евра. Годишно секој кој скенира фискални може да добие по 7.200 денари, или едно 4 члено семејство до 28.800 денари годишно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.