Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на Пониква се сретна со кочанските стопанственици. Порача дека Кочани и овој регион имаат огромни потенцијали за туристички и стопански развој.

Потребно е поголема грижа од државата која мора да се посвети на домашната економија. Потребни се реални капитални инвестиции, а не фингирани извештаи, потребна е вистинска грижа за рамномерниот развој на земјата. Се обврзуваме на работа и постојана и активна грижа за потребите на граѓаните, порача Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.