Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска одлучи бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ да поскапи за половина денар по литар. Цената на останатите горива останува иста.

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,35 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе продолжи да се продава за 69, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 60, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 49,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,848 денари за килограм се намалува малопродажната цената на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 33,003 денари.

На светскиот пазар во изминатите седум дена се бележи пораст на референтната цена кај бензинот во просек за околу 2,44 отсто или за 14,10 долари по тон, а кај дизелот има зголемување во просек за околу 1,088 отсто или 5,95 долари по тон. Курсот, пак, на денарот во однос на доларот е повисок за 0,82 отсто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.