Цените на угостителските услуги во јули годинава, во споредба со претходниот месец, се зголемени за 0,1 отсто, а за 0,5 отсто во однос на јули лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Споредено по групи на услуги, зголемување на угостителските услуги во јули во однос на јуни годинава, е забележано во групата Храна за 0,1 отсто.
Според ДЗС, цените на угостителските услуги за периодот јануари – јули годинава, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,3 отсто, а во однос на декември 2020 година за 0,1 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.