Вработувањата во државната компанија за прозводство на електрична енергија ЕЛЕМ се причина за поскапување на струјата. Така барем пред седум години тврдеше тогаш опозиционерот Јани Макрадули, обвинувајќи ја тогашната партија на власт ВМРО ДПМНЕ дека се обидува да вдоми партиски војници.
Една од причините за поскапувањето на цената на струјата се и новите 625 партиски војници кои треба да се вработaт во ЕЛЕМ. Во изминативе 7 години нема ниту една нова инвестиција, бројот на вработени во хидроелектраните е многу мал, a доколку, се инвестирало во автоматизација и модернизација во блоковите во Битола, сосема е нелогично да постои потреба од толку нови вработени. Последното поскапување на цената на струјата e по барање на државната компанија ЕЛЕМ по што со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика приходот на ЕЛЕМ за 2012 година се зголеми за 15 милиони евра – тврдеше тогаш Јани Макрадули.
Ако пред седум години имаше вработувања во ЕЛЕМ, сега истата компанија стана вистинско дувло на непотизам, каде речиси секој од функционерите си вдоми некој свој близок. Ќерки, синови, роднини се дел од новите вработени во оваа државна компанија, што предизвика бурни реакции во јавноста и на социјалните мрежи. Сега сите се прашуваат, ако порано вработувањата во ЕЛЕМ беа причина за поскапување на струјата, каков ефект ќе имаат најновите вработувања. Дали струјата ќе поскапи, или овојпат бидејќи се работи за деца на повисоки функционери, кои се изгледа попаметни, струјата ќе поевтини?
За потсетување во ЕЛЕМ, пратеничката Мира Стојчевска си го вработи синот, Виктор Стојчевски, министерот за култура Асаф Адеми си ја вработи сестрата, Хидаете Халили. Советиникот на Заев, Мирослав Грчев, во ЕЛЕМ си го вработи синот Димитар Грчев, а собранискиот спикерТалат Џафери во истата копманија си ја вработи ќерката Бесија Џафери. Ова се само дел од новите вработувања, кои вераојатно нема да запрат тука.
Ова ситуација предизвика незадоволство и реакција кај граѓаните
Роднините и симпатизерите на СДСМ изминатите 10 години биле најдискриминирани граѓани при вработувања. Вака министерот за јавна администрација Дамјан Манчевски го правда вработувањето на сестри, зетовци, деца на функционерите во државните институции.
За нас беше забрането во јавен и приватен сектор, било кој со членска книшка на СДСМ да се вработи. Вие го знаете тоа. Затоа зборевме за заробена држава. денеска е чудно, што било којшто е симпатгизер на оваа власт дека се вработуваи во јавни институции. Да се согласиме дека тоа е повторно проблем. Каде да одат овие луѓе? Ајде да се договориме, да речеме дека овие луѓе да ја напуштат државата – изјави вчера Дамјан Манчевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.