Payten е новиот сопственик на македонската платформа за е-трговија, Grouper.mk.

Payten, кој е дел од полската групација Asseco SEE e провајдер на целосни софтверски решенија за платежната индустрија за финансиските и не-финансиските институции, кои поддржуваат картични и не-картични трансакции.

Payten се стекна со сопственост на 100% од акциите на Grouper, како дел од стратегијата за проширување на портфолиото на компанијата со решенија за е-трговија.

Со нетрпение ги очекуваме следните големи планови и нови решенија, кои ќе им помогнат на локалните компании да ја прифатат е-трговијата, да ја зголемат продажбата и да го унапредат нивното работење, а кои истовремено на е-купувачите ќе им понудат поголем избор и можности, изјавија ко-основачите на Grouper.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.