Железничкиот сообраќај од утре во 7 часот ќе биде во прекин поради неисплатен втор дел од платата за октомври, најавија претседателите на синдикатите на машинскиот и извршен персонал во Железници на РМ Транспорт, Тони Димовски и Душко Чакаровски.
Како што изјави Чакаровски за МИА, со овој чекор всушност се реализира нивната најава за прекин на работата доколку до 25-ти во месецот не им биде исплатен вториот дел од платата за претходниот месец.
Машинскиот и извршниот персонал во Железницата го прекинаа железничкиот и товарниот сообраќај и на 1 ноември, поради неисплатен втор дел од септемвриската плата. По исплатата наредниот ден ја прекинаа блокадата, но до раководството на железничкото претпријатие доставија одлука дека доколку до 25-ти во месецот не им биде исплатена целосно платата за претходниот месец, повторно ќе ја бојкотираат работата од 7 часот наредниот ден.
Во одлуката е наведено и надоместот за материјални трошоци да се исплаќа најдоцна до 10-ти во месецот, како и дека во спротивно, нема да работат веќе од наредниот ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.