Во денешната посета на општина Ѓорче Петров, пратеникот и секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, во врска со најавата од власта за зголемување на даноците вели дека најмалку логичен чекор треба да зголемувањето на даноците, во ситуација кога имаме илјадници сограѓани без работа, зголемување на цените на производите и енергенсите, а стопанството е оптоварено со катастрофални економски политики, власта води анти-пазарни и анти-деловни политики.
Треба да ги гледаме актуелните трендови во нашата економија, илјадници наши сограѓани од оваа криза имаат изгубено работни места, не се преземени соодветни мерки за да се заштитат работните места на граѓаните, гледаме најава од НБРМ за зголемена инфлација, за зголемување на цените на производите, за покачување на цените на енергенсите, а тоа веќе почнуваме да го чувствуваме, а во период кога бизнис секторот е оптоварен со катастрофални економски политики, во период кога граѓаните живеат се потешко и потешко, најмалку логичен чекор е да има зголемување на даноците, порача Муцунски.
Тој посочи дека во рамките на собраниските дискусии ВМРО-ДПМНЕ често алармираше дека има најави за вакви трендови, но од власта убедуваа дека нема да се случи истото, па дури ќе имало и намалување на даноците.
За жал трендот на анти-пазарна и анти-деловна политика на оваа Влада продолжува – критикуваше Муцунски.
Муцунски вели дека се факт економските катастрофални политики во последните четири години, а секоја година се најавуваше дека следната ќе биде економска година, а граѓаните дома најдобро чувствуваат дали живеат поквалитетно и дали имаат повеќе средства.
Треба да имаме економски политики кои ќе бидат насочени кон стимулирање на претприемништвото, истовремено обезбедувајќи повисок стандард за граѓаните, ваква една мерка којашто ќе значи покачување на даноците е обратно од она што му е потребно на бизнисот и на граѓаните, порача пратеникот Муцунски од Ѓорче Петров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.