Со тендерот за одобренија за 5Г што Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) треба да го објави наскоро се предвидени два блока за влез на мрежен оператор во мобилната телефонија. Евентуален влез на нов мрежен оператор во државава ќе ја зајакне конкуренцијата на пазарот каде сега доминираат Македонски Телеком и А1 Македонија, а работат и три виртуелни оператори кои во изминатите години презедоа приближно три проценти од пазарниот удел. На пазарот клучно ќе биде инвестирањето во оптичка инфраструктура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.