Финансиската поддршка за работодавачите за исплата на плати ќе биде скалеста согласно падот на приходите на компанијата односно од 14.500 до 21.776 денари по работник.
Ова е предвидено со новиот Предлог-закон за финансиска поддршка на работодавци погодени од здравствено-економската криза предизвикана од КОВИД – 19, за што денеска дебатираше Економско-социјалниот совет на својата трета седница.
Финансиска помош се однесува за исплата на плати за октомври, ноември и декември годинава.
На седницата, која се одржа онлајн, а со која заседаваше претседателката на ЕСС и министерка за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, разгледани се поединечно сите членови од новиот предлог закон за што свое мислење можеле да дадат сите членови на ЕСС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.