Денеска почна етапната исплата на ноемвриските пензии. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

– Во четврток 26.11. 2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

– Во петок на 27.11.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

– Во понеделник на 30.11.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

– Во вторник на 01.12. 2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од четврток 26 ноември. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.