Граѓаните ги очекува нов ценовен шок за неполни две недели. Од групацијата за производство на месо и преработки од месо алармираат дека месото и сувомеснатите производи ќе поскапат од 20 до 40% по велигденските празници.
Тие бараат Владата да ги врати старите квоти за увоз на замрзнато свинско месо, кои ги преполови лани, ослободување од царина на месо за преработка и вклучување на месната индустрија во 6-тиот пакет мерки за помош на стопанството. Велат без помош, можат да го протуркаат Велигден, но по празниците ќе следуваат драстични поскапувања.
250-260 чаден свински бут, после над 320 денари. Во зависност од тоа. Покачувањето само за 20% колку што е поскапувањето на суровините – вели Гоце Трајчев – Групација за производство на месо и преработки од месо при Стопанска комора.
Производителите и преработувачите на месо велат дека најголемиот удар нема да го претрпат само граѓаните, туку и стопанството и државата. Предупредуваат дека, ако не им се помогне, на многу компании им се заканува клуч на врата, а на многу вработени опасност од губење на работните места.
Не се само директнивработувања. 20 во групација имаме. не се само дир, туку ииндиректните вработувања. На дом пазар домашни фармери имаат вишок. Месна индустрија го откупи цел вишок и го произведе. Сликата е малку поширока – изјави Гоце Трајчев од Групација за производство на месо и преработки од месо при Стопанска комора.
Од Групацијата очекуваат барањето за квотите да биде прифатено, поради успехот во последните 3 години бидејќи бил откупен вишокот месо во земјава, за 20% се намалил увозот на готови сувомеснати производи од странство, додека домашното производство се зголемило до 14%.
Граѓаните, пак, се се погневни бидејќи секојдневно растат цените на зејтинот, млечните производи, јајцата, шекерот, овошјето и зеленчукот. Се погласно бараат замрзнување на цените барем на најосновните прехранбени продукти, но засега нивните барања не наидуваат на слух кај надлежните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.