По божикните празници Регулаторната комисија за енергетика треба да ја објави новата цена на горивата во Македонија.
Пред две недели, цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалија за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 10.12.2018 година. Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 58,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 46,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 1,861ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.12.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 28,176 ден/кг.
Останува да видиме дали од вторник не чека зголемување или намалување на цената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.