За само неколку месеци, две релевантни организации потврдуваат дека во Македонија има хибриден режим и ни малку демократија. Според „Фридом хаус“ Македонија е делумно слободна држава со владение на хибридниот режим на СДСМ.
Според оценките на Фридом Хаус Македонија воопшто не исчекорила од хибриден полудемократски режим, и е во групата на држави како Украина, Молдавија, Грузија, Босна и Херцеговина. Нема поместувања ниту во организирање на избори за кои се нотирани нерегуларности, ниту има подобрување во слободата на медиумите.
Според оценката на Фридом Хаус и процентните поени Македонија има полош резултат од 2014 година, полош од 2015 и е на ниво од 2016 година. Тоа значи дека режимот спроведуван од СДСМ и Зоран Заев, воопшто нема демократско поместување.
Сличен став во јануари имаше и „Економист“. Според нив, Македонија е во група со држави како Сенегал, Непал, Мали, Танзанија, Кенија, Пакистан и Босна и Херцеговина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.