Родилките кои се на пордилно искуство со отворено писмо до министерот за здравство,
Министерството за труд и социјална политика, Комисија за заразни болести и Владата бараат да се продолжи платеното породилно отсуство до 1 септември 2020 година.
Ние сме во многу незавидна ситуација, бидејќи немаме можност да ги оставиме бебињата никаде за да тргнеме на работа. Имено, градинките не работат и секако се уште се небезбедни (иако учителките може да се негативни, може некое дете да е носител без никој да знае и да ја рашири болеста), а поради социјалната дистанца не можеме, а и немаат сите услови да ги оставиме бебињата кај баби и дедовци или да ангажираме дадилки (не знаеме со кого биле во контакт претходно, а и немаат повеќето финансиска можност за ова), се вели во апелот.
Поради тоа, додаваат, бараме да го заштитите здравјето на нашите најмали и најранливи и да го продолжите платеното породилно отсуство.
Се надеваме дека ова ќе биде решено во најбрзо време и нема веќе да бидеме во неизвесност, бидејќи има мајки кои имаат притисоци за враќање на работа, недоволно разбирање и мешање на поимите вонредни и времени мерки, а сето тоа прави дополнителни притисоци и нервози во и онака напнатата ситуација, се вели во отвореното писмо на мајките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.