Собранието попладнево со 56 гласа „за“ и 37 „против“ го донесе ребаланост на буџетот за 2021 година. Ставовите на власта и опозицијата во однос на ребалансот на буџетот и во текот на денешната расправа останаа непроменети. За власта, ребалансот е развоен, со повеќе пари за стабилизирање на економијата, а за опозицијата е расипнички, со повеќе пари за предизборен поткуп и партиски вработувања.
Заврши 15 дневната расправа за ребалансот на најзначајниот документ во државата, Буџетот за 2021 година. За жал истиот е усвоен и нема да донесе ништо за граѓаните – реагира пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Нарекувајќи ги естрадни пратеници, тој се осврна и на неговите колеги од Левицата потенцирајќи дека имаат нула минути присуство, нула минути говор и нула амандмани за обезбедување пари за граѓаните на кои им се најпотребни, а добиваат цела плата за тековниот месец.
Левица е лажна опозиција која има задача од Заев да внесува раздор во опозицијата – пишува Петрушевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.