Золемувањето на акцизата на горивата за три денари е антикризна мерка и во случај на зголемување на цената на нафтата, акцизата ќе се намали или ќе се врати на претходното ниво – истакна на прес-конференција, потпретседателот на СДСМ, Коста Петров.
Трите денари од повисоката акциза за нафтените деривати, одат директно во буџетот за поддршка на стопанството, социјалните мерки за поддршка на граѓаните и за поддршка на нашиот здравствен систем – посочи тој додавајќи дека висината на акцизата ќе биде условена од цената на нафтата на светските берзи, односно, во вонредна состојба на сегашната акциза се наплаќаат дополнително 3 денари, 2 денари или 0 денари согласно движењата на цената на нафтата.
Во случај цената на нафтата да е под 400 долари по тон, тогаш ќе се пресметуваат дополнителни 3 денари на постојната акцизата. Ако цената е од 400 до 600 долари за тон, ќе се пресметува 2 денари покачување на акцизата. Ако пак цената се врати на нивото од над 600 долари од тон, како што беше на почеток на годината, тогаш нема да се пресметува покачување на акцизата, односно ќе биде 0 денари – објасни Петров.
Тој уште еднаш повтори дека станува збор само за времено покачување и додаде дека нашата земја убедливо има најниски цени на нафтени деривати во регионот.
Ние имаме убедливо најниска акциза за еуродизелот од сите земји, додека заедно со Босна и Херцеговина и со Косово имаме најниски акцизи на еуросуперот – кажа потпретседателот на СДСМ кој уште еднаш додаде дека се работи за антикризно, времено и условено зголемување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.