Пазарџиите од Зелениот пазар и Бит-пазар денеска излегоа на протест. Тие велат дека лиценци не вадат, и дека инспекции на пазарите се уште нема, но веќе се забележува дека тезгите на пазарите се се попразни.
Од комората на трговци кажаа дека законот веќе почнал да се спроведува, и уверуваа дека ова е добро законско решение. Сепак издавањето на лиценци оди слабо – досега издадени се околу 50.
Нема да склучуваат нови договори за закуп на тезги. Со дописи до економскиот тим на Владата, како и самиот премиер, ќе бараат законот да се одложи или измени, велат пазарџиите.
Министерот за економија кажа дека дописот стигнал до него, но тој не е вистинската адреса каде треба да се обратат. Тој може да им помогне само во делот на измена во правилниците, но не и на целиот закон.
Пензионерите, социјалците, стечајците и хонорарците, нема да можат да работат.
Со новиот закон за зелени пазари секој закупец на тезга треба да плаќа годишна лиценца од 60 евра, а за секоја дополнителна плус 40 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.