Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска преку статус на Фејсбук објавува дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија пред граѓаните направиле кворум за да мерките од четвртиот пакет стигнат до граѓаните и компаниите.

Вчера се донесе ребалансот на буџетот, благодарение на нас пратениците од опозицијата во Собранието, бидејќи “одговорното и стабилно мнозинство” имаше присутни само 55 пратеници.Ние како одговорни пратеници пред граѓаните направивме кворум за да мерките од 4-от пакет стигнат до граѓаните и компаниите засегнати од пандемијата. Продолжуваме посветени и се обврзуваме за доброто на граѓаните!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.